Заменик министерот за финансии: Имаме големи притисоци од тајкуни во државата
Николче Јанкуловски, заменик министер на финансии, во анализата на Бизнис 21 на ТВ21, зборуваше за намалување на сивата економија.
Тој рече дека во таа борба постојат големи притисоци од т.н. тајкуни во државата.
„Покажавме дека може да ја анулираме сивата економија. Во приходите на УЈП тоа се гледа, а се зголемени приходите и во царината. Без воведување на нови даноци, давачки, царини, туку само со ефикасно работење, тоа го постигнавме. Имаме големи притисоци од тајкуни во државата, она што до вчера не се гледало на царина врвело, а сега се плаќа. Она што требало да се одданочи со повисока даночна стапка, се даночело со помала стапка. Верувам дека силно ќе издржиме како држава“, рече Јанкуловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа