Засилени контроли во Скопје: Казнети 530 возачи
Продолжуваат засилените мерки во сообраќајот на подрачјето на главниот град. Од извршените 1.195 контроли, полициски службеници вчера констатирале вкупно 530 прекршоци, од кои 493 по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 37 по Законот за возила.
Притоа, најголемиот број санкции по Законот за безбедност на патниот сообраќај се однесуваат на непочитување на брзината на движење, односно 238 биле санкционирани за возење со брзина поголема од пропишаната. Биле преземени 43 мерки за возење без возачка дозвола и 51 санкции за некористење сигурносен појас. За непрописното паркирање биле преземени мерки против 69 возачи, 10 возачи управувале возило под дејство на алкохол, регистрирани се четири случаи на минување на црвено светло, на седум возачи изречени се прекршочни санкции за користење мобилен телефон, а во пет случаи се преземени мерки против прешаци.
По однос на Законот за возила, евидентирани се девет нерегистирани возила, како и 12 технички неисправни возила.
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови на целата територија на државата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа