Затворен центарот на Скопје поради посетата на австрискиот претседател
Ценатарот на главниот град е затворен и сообраќајот се одвива по посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен.
На улиците низ кои е дозволено минување во централното градско подрачје сообраќајот во моментот се одвива отежнато.
МВР вчера информираше за состојбата.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28 и 29 март, вторник и среда, поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, извести МВР.
Министерството апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа