Завршил тримесечен курс, на должност стапил пред 40 дена, нови детали за шефот на станицата по трагедијата во Грција

 

Два дена по судирот на два воза во Грција, во кој загинаа најмалку 57 лица, на виделина се покажаа големите недостатоци и застареноста на мрежата а синдикатите и пред несреќата испраќаа повеќе предупредувања.

Претставниците на синдикатот пред три недели предупредуваа на тешката состојба во железничкиот сообраќај.

„Кога ќе се случи несреќа, одговорните ќе лијат крокодилски солзи“ предупредуваа, критикувајќи го „големиот недостаток на персонал“.

Во исто време, тие предупредија за „недостатокот на мерки за заштита на работното место во врска со безбедноста на работата и сообраќајот на возовите“.

Полицијата објави дека најмалку 57 лица загинале во фронталниот судир, додека најмалку 56 лица се сметале за исчезнати.

По несреќата, експертите го критикуваа „недостаток на електронски системи“ и недостаток на персонал, додека шефот на станицата, осомничениот во несреќата, во судот призна дека погрешил, пренесуваат регионалните медиуми.

Медиумите, вклучително и јавната телевизија, ЕРТ, го потенцираа неговиот недостаток на искуство затоа што, според нивните информации, тој бил назначен пред само 40 дена, а претходно работел во Министерството за образование. Пред влегувањето на нова работа, тој според написите, завршил тримесечен курс.

Самата влада призна дека железничкиот сектор е „хронично болен“, пишува во извештаите.

Владата го призна „одложувањето“ во модернизацијата на железницата во Грција, каде граѓаните претпочитаат да патуваат со автобус, автомобил и брод.

„Одговорноста мора да ја преземат сите што управуваа со модернизацијата на мрежата“, рече експертот за АФП, Константинос Хасиотис.

„Та Неа“ пишува дека Европската комисија ја пријавила Грција до Европскиот суд на правдата, како резултат на непочитување на обврските што произлегуваат од Директивата за железничка инфраструктура.

03.03.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега