Зеде лажица во рака и заспа: Едноставен трик да откриете дали спиете доволно (ВИДЕО)
Кога не спиеме доволно, тоа негативно влијае на секој дел од телото, нашиот физички изглед и здравјето воопшто. Во денешно време, тешко е да имате доволно време да спиете, а последиците од несоницата доаѓаат подоцна - преку намален имунитет, зголемен степен на стрес, тенденција за зголемување на телесната тежина ...
За да проверите дали спиете доволно, треба да направите едноставен тест. Сè што ви треба е лажица и послужавник (метален), а тестот најдобро се прави попладне, после работа и после јадење. Легнете на креветот и погледнете го вашиот часовник за да одредите точно кога сте легнале.
Сместете се удобно и подгответе ја атмосферата најсоодветна за спиење - затемнете ги прозорците, вклучете го ТВ-уредот или пуштете лесна музика или исклучете сè.Зависно што ви одговара.
Земете ја лажицата во вашата рака и оставете ја раката да паѓа преку работ на креветот или каучот. Имајте подготвн послужавник под вашата рака. Кога ќе заспиете, звукот на паѓање на лажица треба да ве разбуди.
Доколку лажицата падне 15 минити подоцна, односно заспиете после 15 минути, тогаш немате никаков проблем, но ако заспиете за помалку од 5 мин тогаш имате сериозно нарушување на сонот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа