Зелениот картон пред укинување

Зелениот картон односно документот кој докажува осигурување од автомобилска одговорност при патување во странство, се чини ќе замине во историјата.

Според последните најави, Европската комисија предложува укинување на зелениот картон и негова замена со електронско докажување на осигурувањето.

На овој начин ќе се олесни прекуграничниот сообраќај а ќе се намали и бирократијата.

Предлогот треба да го одобри Советот на ЕУ со што истиот би влегол на сила во 2025 година.

Според предлогот, осигурителните компании ќе треба да ги пријават податоците за осигурувањето на своите клиенти во европската база на податоци, а истата ќе биде достапна на полицијата и други органи на сите земји членки на ЕУ.

Па така, при патување граѓаните ќе треба само да го покажат регистарскиот број на таблиците.

Ваквиот предлог носи бенефиции како за граѓаните така и за осигурителните компании.

Од една страна граѓаните ќе заштедат за дополнителната наплата за зелениот картон кој во моментов чини од 1.850 денари до 17.222 денари, во зависност од типот на возилото и времетраењето на зелениот картон.

Од друга страна, осигурителните компании ќе ги намалат трошоците за дистрибуција и печатење на истиот.

25.01.2024 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега