Зеленски: Ќе го вратиме украинското знаме на Крим
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повторно изјави дека Украина ќе го врати Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
„Ова е нашата земја, нашиот народ, нашата историја“, рече Зеленски во денешното соопштение за медиумите.
„Со враќањето на Крим, мирот ќе се врати во Украина“, рече тој, а потоа додаде: „Ќе го вратиме украинското знаме на секој агол на Украина“.
Во 2020 година, Зеленски го прогласи 26 февруари за Ден на отпорот на руската окупација на Крим,пренесе Индекс.хр.
26.02.2023 - 15:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа