Зеленски предупредува дека без дипломатија нема да има траен мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера вечерта дека силата и дипломатијата мора да одат заедно со цел да се стави крај на војната во Украина и да се осигура дека таков конфликт нема да се повтори во иднина.
„Нам ни е сосема јасно дека дипломатијата нема перспектива без сила“, рече Зеленски во видео обраќањето. „Но, без целосно разбирање на дипломатските цели, само оружјето нема да биде доволно. Затоа велам дека силата и дипломатијата мора да одат рака под рака“, рече претседателот на Украина.
Ова е единствениот начин да се обезбеди траен мир и да се спречи повторување на овој вид војна што Москва ја води против Киев, додаде тој.
Зеленски повторува дека Украина е отворена за „чесна“ дипломатија. Тој лобираше кај сојузниците на САД и НАТО да го вооружат Киев, а исто така побара од нив да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да склучи мир.
Покрај тоа, Украина ги моли своите сојузници да и дозволат да користи западно оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко во руска територија и да ја загрози воената инфраструктура на Москва.
Пораките на Зеленски за зајакнување на дипломатските напори доаѓаат откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп го победи проукраинскиот демократски кандидат и актуелен потпретседател Камала Харис на претседателските избори.
Трамп за време на предизборната кампања постојано истакнуваше дека може да ја прекине војната во Украина за еден ден, но не објасни како.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа