Земјоделците во Брисел денеска повторно ќе протестираат
Неколку земјоделски организации за денеска закажаа нов протест на земјоделците во Брисел, трет од почетокот на годината. Повод за протестот е денешното заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ.
Како организатори на протестот се јавуваат меѓународната организација Виа Кампесина (Селски начин) со седиште во францускиот град Бањоле и белгиската валонски здруженија Федерацијата на млади фармери (ФЈА), Валонската земјоделска федерација (ФВА) и Обединета федерација на групите на полјоделци и фармери (ФУГЕА).
Според најавите, протестот ќе започне во 10.30 часот со „симболична акција“ на улицата „Лоа“ која води од центарот на Брисел кон плоштадот „Шуман“ каде што се наоѓаат зградите повеќе институции на Унијата, меѓу кои и на Европската комисија и Советот на ЕУ.
– Овој вторник дојдете да го слушнете гласот на земјоделците пред Европскиот совет, наведе ФЈА во повикот за протестите. ФЈА признава дека е постигнат одреден напредок од стартот на земјоделските протести, но нагласува дека „тоа не е доволно“. – Очекуваме Европа да продолжи да се движи во корист на земјоделците, додава Федерацијата.
Главните барања на земјоделците се насочени кон „правично наградување“, како и раскинување на договорите за слободна трговија на ЕУ со трети земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа