Земјотрес ги погоди Делчево и Берово
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,
одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда M L 3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда M L 2.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа