Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина во 9.50 часот.
Земјотресот е регистриран во подрачјето на Мостар, на длабочина од 7 километри.
Епицентарот бил на 5 километри јужно од Широки Бријег.
„Солидно се тресеше, кратко траеше“, „Краток, но силен земјотрес и силен татнеж“, „Убаво се чувствуваше“, „Кратко, но силно“, пишуваат граѓани од цела БиХ до ЕМСЦ.
10.06.2024 - 10:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа