Железничкиот сообраќај Гевгелија-Скопје во прекин: Воз удри во маж - загина на лице место

 

Голема трагедија се случи утрово на железничката станица кај Градско, воз удри во маж, по што починал на лице место.

Регионалниот ЦУК Велес, извести дека во утринските часови патнички воз што сообраќал на релација Гевгелија - Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, со што железничкиот собраќај е во прекин, според информацијата на Македонски железници. 

На терен веднаш излегле екипа од Полицијата - СВР Велес, а потоа и Јавен обвинител, коишто моментално вршат увид на местото на настанот. 

Железничкиот собраќај е во прекин на релација Гевгелија - Скопје.

Смртта на лицето за Прес24 ја потврдија и од велешката болница.

Се работи за маж кој бил роден 1960 година и по пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот.

05.05.2023 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега