Жена донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

 


Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела мртов маж, за кој вели дека и е вујко, во банка за да земе кредит. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.

Од полицијата велат дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе го одобрила, но за што било потребно одобрение и од вујкото. Додека таа се обидувала да му го наместо пенкалото, главата му паѓала назад, пишува „Си-ен-ен“.

„Вујко слушаш, мораш да потпишеш. ако не потпишеш нема шанси. Не можам да ти потпишам, мораш. Ајде потпиши, не прави проблем, јас не можам, направи го тоа повеќе“, му зборувала жената. Еден од вработените во банката во тој момент изјавил дека постарата личност најверојатно не се чувствува добро.

Шефот на цивилната полиција на Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа и дека не бил жив кога бил донесен во банката. Полицијата води истрага, а засега не е покренато обвинение.

Адвокатот на семејството го демантираше полицискиот извештај: „Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банка. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“.

18.04.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега