Жена од Перт го фрлила кучето од височина, потоа се правдала дека му направила услуга

Ејми Џаџ од Перт е осудена на затвор бидејќи минатата година го фрлила својот миленик малтезер од височина. Кучето починало од повредите.

Случаен минувач го пронашол тешко повреденото куче и веднаш го однел на ветеринар, но малтезерот поради тежината на повредите бил успиен.

Овој инцидент се случил во април минатата година, но сопственичката на кучето, Ејми Џаџ (26), денеска е осудена на една година затвор поради суровост кон животните. По падот од височина, кучето имало внатрешно крвавење, повреда на мозокот, ‘рбетот и на карлицата.

Неколку недели подоцна го признала делото и напишала дека со фрлањето на миленичето му направила услуга на своето куче.

„Не можам да живеам со оваа вина. Го фрлив моето куче од врвот на паркингот во трговски центар, а потоа го гледав како паѓа до смрт. Тоа успеа да преживее, но требаше да заспие поради тоа што му го направив. Го убив моето куче и вистината мора да излезе на виделина. Ме искина вината, не можам повеќе да живеам во лаги. Сега кога сите ја знаат вистината, можам да се смирам и да престанам да лажам“, напиша таа на „Фејсбук“.

Нејзината објава предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Во моментот на нападот со неа бил и нејзиниот свршеник, кој е осуден на глоба и три години не смее да поседува домашно милениче.

На снимката од надзорните камери може да се види како Ејми му дозволува на животното да оди на работ од покривот на паркингот, а потоа го зема миленичето и го фрла од височина.

20.12.2023 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега