„Жено, сред пандемија сме“: Пејачката целосно го смени имиџот, но овој потег ја разбесни јавноста

 

Пејачката Лана дел Реј веќе подолго време не е премногу активна во јавноста, ниту пак често се појавува таму каде што папарацо фотографите може да ја фотографираат.

Меѓутоа, таа била забележана во Лос Анџелес и веднаш било забележително дека драстично го променила својот имиџ.

Имено, Лана сега има кратка руса коса, а сите знаеме дека се прослави со долгата, смеѓа брановидна коса.

Сепак дури и тоа останало во сенка затоа што нејзините обожаватели биле лути поради нејзиното неодговорно однесување на промоцијата на нејзината нова книга поезија.

Големо внимание привлекла заштитната маска на Лана дел Реј која што всушност нема никаква заштитна улога затоа што е изработена од мрежест материјал и целосно била проѕирна, а целта за тоа била само таа да се вклопи со целиот нејзин аутфит.

Подоцна таа направила селфи фотографија за своите обожаватели, а набрзо сите се разбесниле:

„Жено, сред пандемија сме“, „Ја сакам Лана, но ова е навистина неодговорно од нејзината страна“, се само некои од коментарите кои што ѝ биле упатени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега