Жителите на Цетиње: Не знаеме што правела полицијата, но со таков човек не се преговара

Молк, тишина, затворени локали, знамиња на половина копје и наведнати глави, тоа се сцените во Цетиње по убиството кое се случи пред неколку дена.

Вук Бориловиќ уби 10 лица, а повреди шест пред да биде застрелан од негов сосед, а на жителите на Цетиње не им е јасно што правела полицијата и зошто чекала толку долго да го ликвидира.

„Имав среќа што не сум бил дома, зашто ќе бев убиен. Тоа траело премногу долго. Не знам што правела полицијата цел час. Сакале да преговараат со човек кој го загубил разумот, со такви не се преговара“, вели жител на Цетиње.

14.08.2022 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега