Жизел Бундшен низ солзи за првпат проговорела за разводот од Том Брејди

 

Славната манекенка Жизел Бундшен за првпат зборувала за разводот од Том Брејди, 5 месеци откако официјално заврши нивниот брак кој траеше 13 години.

Жизел за тоа зборувала за новото издание на магазинот „Vanity Fair“ чија насловна страница ја краси. Во емотивниот разговор, таа рекла дека разводот е „смрт и повторно раѓање“ и порачала дека ја „оплакува смртта на својот сон“.

„Тешко е бидејќи замислувате дека животот ќе ви тече на одреден начин, а сте направиле сѐ што сте можеле“, изјавила манекенката додека гласот ѝ треперел, а очите ѝ биле насолзени.

По неколку здива, таа продолжила: „Верував во бајки додека бев дете. Мислам дека е убаво да верувате во тоа. Давате сѐ од себе да го остварите својот сон, давате 100 отсто и срцепарателно е кога нема да заврши онака како што сте се надевале и за кое сте се труделе, но можете да го направите само она што е ваш дел“.

Убавата Бразилка ги прокоментирала и наводите дека се развела од Брејди бидејќи тој решил да му се врати на американскиот фудбал.

 

„За тоа се потребни години (за разводот). Секогаш навивав за него и ќе продолжам засекогаш да навивам. Ако постои една личност за која сакам да биде најсреќна на светот, тоа е тој, верувајте ми. Сакам да биде успешен и да ги оствари своите цели. Сакам да му се остварат сите соништа, навистина го посакувам тоа, од срце“, порачала Жизел.

„Понекогаш се развивате заедно, понекогаш се разделувате. Кога имав 26, а тој 29 години, се запознавме, сакавме семејство, сакавме сѐ заедно. Како што одминуваше времето, сфативме дека сме сакале поинакви нешта, а сега имаме избор“.

„Тоа не значи дека не ја сакате другата личност. Тоа само значи дека, за да бидете автентични и вистински да го живеете животот кој го сакате, мора да имате некој кој е подготвен на компромис. Тоа е игра, тоа е рамнотежа“, истакнала Бундшен.

23.03.2023 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега