Зибери: Немам коментар за новата влада меѓу СДСМ и ДУИ

Кандидатот за премиер од ДУИ, Насер Зибери, е без коментар за договорот за идната владата меѓу ДУИ и СДСМ.

„Немам коментар“, кратко одговори Зибери пишува весникот Лајм. Зибери не сакал да се изјасни повеќе за новата влада што ќе ја води Заев.

Тој одбил да одговори на прашањето дали се чувствува измамен од Али Ахмети.

Али Ахемти и Зоран Заев вчера соопштија дека имаат договор за влада во која премиер ќе биде Зоран Заев до последните 100 дена од мандатот а потоа ДУИ ќе предложи премиер за до организирање на новите избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега