„Златна бубамара“ без Сашко Коцев

26-тото издание на манифестацијата „Златна бубамара“ помина без главниот лик на сцената.

По 17 години како домаќин, Сашко Коцев годинава не беше дел од случувањето кои речиси сите го поврзуваат токму со него. Во многуте коментари на социјалните мрежи се вели дека публиката чекала тој да се појави до самиот крај, но од Сашко ни трага, ни глас.

Наговите заменици, Тино и Атанас или како што тој ги нарекуваше, заменските водители, станаа главни.

Манифестацијата со ред награди, говор, музика… си течеше како и секогаш. За да нема шпекулации и разни приказни, Сашко се огласи јавно и ја откри причината зошто не беше дел од „Златна бубамара“.

– Бев премногу зафатен, не можев да постигнам. Имав две претстави и турнеја во Словенија со филмот“, изјави Сашко за „Слободен печат“ веднаш по манифестацијата, додавајќи дека годинава му се поклопиле ангажманите.

За потсетување, Сашко Коцев за првпат како водител на „Златна бубамара“ се појави во 2006 година, а дојде на местото на Тони Михајловски. Дали Сашко како и Тони станува екс- водител или тоа ќе биде случај само годинава, останува да видиме…

Вистина.мк

17.03.2023 - 22:39
Фото: 
ВАНГЕЛ ТАНУРОВСКИ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега