Змија отровница се сокрила помеѓу играчки на мало девојче па настанало хаос- детето завршило во болница
Змија отровница се сокрила во играчките на мало девојче по име Еми Џо, па ја каснала.
Таа се доближила до играчките и оддеднаш почнала да вреска, но било предоцна, змијата веќе ја каснала. Набрзо почнала да повраќа па завршила во болница.
Мајка од Западен Тенеси ги предупредува другите родители да внимаваат каде ги поставуваат играчките на своите деца откако нејзината 19-месечна ќерка ја касна отровна змија пред нивната врата.
- Еми се доближи со играчките и почна да вреска, а дадилката рече дека видела змија- вели мајката на бебето.
Девојчето било нападнато од змијата Copperhead или во превод бакарна глава и латинското име Agkistrodon contortrixi, што е ендемичен вид во јужниот и источниот дел на САД и Мексико.
Змијата го каснала детето за нога, а нејзините родители веднаш ја однеле во болница.
- Таа повраќаше, многу чувствуваше болка. Единствено што можев да сторам е да ја држам, да се обидам да ја смирувам и да ја тешам - рекла потресената мајка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа