Знаете ли што е сива сексуалност?
Сѐ повеќе луѓе на социјалните мрежи признаваат дека се „graysexual“, што во слободен превод би му дошло „сива сексуалност“.
Според БазФид, овој термин се користи за означување на луѓе кои имаат ограничена сексуална привлечност. Со други зборови, сексуалната привлечност ја доживуваат многу ретко и со многу мал интензитет.
Сивосуксеалните луѓе се некаде меѓу асексуалните и алосексуалните. Оттука произлегува идејата дека сексуалноста не е црно-бела, туку постои и т.н. „сиво подрачје“ во кое припаѓаат многу луѓе.
Се наметнува прашањето дали сивосексуалните личности се оние луѓе кои едноставно имаат ниско либидо.
Меѓутоа, одговорот е не.
„Хелт лине“ ја објаснува разликата меѓу смаленото либидо и сивосексуалноста.
Либидото се однесува на чувството на потреба за секс за да се почувствува сексуално уживање и сексуално ослободување. Од друга страна, сексуалната привлечност се однесува на тоа да се почувствува привлечност кон одредена личност и да се сака сексуален однос со неа. Асексуалните и сивосексуалните може да имаат високо либидо, а скесуалните личности може да имаат ниско либидо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа