Зоки Фаци бесен „распука“ по следбениците на водителката: „Зошто мора Лила да Ви каже зошто носи перика, за пеколот што го помина, ќе Ви раскаже кога ќе биде подготвена“

 

Познатата македонска водителка Лила филиповска овие денови е на мета на критиките од своите следбеници на Инстаграм поради својот изглед.

Имено, многумина по коментари ја прашуваат водителката зошто носи перики и зошто драстично си го сменила изгледот, а коментар на сето ова имаше нејзиниот добар пријател Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци кои се огласи на својот Инстаграм профил по овој повод.

-Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ што се помина оваа година, низ пеколот? Зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Себични, без чувства, примитивни луѓе, и не го кажувам тоа од злоба, туку од бес – порача Василевски.Василевски додава дека Лила за пеколот низ кој поминала таа самата ќе раскаже за јавноста доколку сака и тогаш кога ќе биде подготвена.

„Дотогаш, приватноста треба да се почитува, без оглед дали се работи за јавна личност“, вели Зоки Фаци.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

12.10.2022 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега