Зошто утринскиот секс треба да го замени утринското кафе?
„Кој рано рано – оргазам граби!“ Така треба да звучи, барем според сексолозите, новата варијанта на познатата поговорка. Според сексолозите, утринскиот секс го подобрува расположението, ја продлабочува интимноста и може да ја замени шолјата кафе.
За некои луѓе, идеалното утро значи мрзливо излежување. За други, тоа е можност за утрински тренинг. За трети – идеално утро е она исполнето со сексуални односи. Според сексолозите, оваа последна група има повеќе придобивки од своите утрински активности отколку претходните две.
Според најновите научни истражувања, дури 58% од жените не сакаат да имаат утрински секс. Утринскиот здив, размислувањето за многубројните обврски, стравот дека децата ќе се разбудат или дека ќе задоцнат ги спречуваат да уживаат во утринскиот секс. Прочитајте зошто треба да ги отстраните овие блокади и да си дозволите да уживате во вашата утринска сексуална активност.
1. Психички сте најопуштени наутро
Колку и да ве очекуваат обврски, наутро сте сепак најопуштени. Сè уште не сте поминале низ стресните состаноци, не сте вежбале, не сте трчале по училишта и градинки… Едноставно кажано, нивото на стрес во телото е најниско по будењето.
Кога ќе погледнете што сè треба да направите во еден ден, не е ни чудо што жените не сакаат секс кога ќе си легнат навечер. Бидејќи сексуалниот живот е важен за стабилноста на секоја врска, утринскиот секс би можел да биде решението. Идеални услови за секс се кога двајцата партнери се опуштени и одморени.
2. И телото е најопуштено наутро
Чувството на полубудност што го имате наутро не е само во вашите мисли. Вашите мускули се опуштени, телото ви е топло, дното на карлицата сè уште не е стегнато од стрес, а вашиот пулс е побавен, што придонесува да чувствувате поинтензивно задоволство. Затоа, на жените ќе им биде полесно да постигнат оргазам.
3. Сексуалниот нагон е посилен наутро
Истражувањата покажаа дека сексуалниот нагон кај повеќето луѓе е посилен наутро. Добро е позната приказната дека нивото на тестостерон е највисоко наутро, но ова важи за хормоните од двата пола. Жените немаат утринска ерекција, но и тие наутро имаат високо ниво на естроген.
„Жените имаат највисоко ниво на естроген помеѓу 23 часот и 2 часот по полноќ. Ова е периодот кога хормоните обезбедуваат најдобра основа за секс. Сепак, нивото на естроген се зголемува и неколку часа подоцна, па утринскиот секс е втор на листата достапни опции“, вели Хилда Хачерсон, професор по гинекологија на Универзитетот „Колумбија“.
4. Утринскиот секс го подобрува расположението
Сексуалниот однос помага во ослободување серотонин и допамин и гарантира добро расположение. Кога ќе го започнете денот со секс, можете да бидете сигурни дека ќе бидете одлично расположени во поголемиот дел од денот. И уште нешто – утринскиот секс може да го замени кафето. Кофеинот наутро има функција да предизвикува лачење серотонин и допамин. Ако имате секс наутро, веќе нема да ви треба кафе. Едно истражување покажало дека 53% од мажите и 45% од жените велат дека денот им е попродуктивен по утринскиот секс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа