Ако сте депресивни и под стрес, јадете ги овие намирници
Не е тајна или мистерија дека храната што ја јадеме може да влијае на нашето расположение.
Вистинската причина за толку силно влијание на храната врз расположението е исклучително тесната поврзаност на дигестивниот систем со мозокот.
Човечкото црево е дом на трилиони живи микроби кои имаат многу функции во телото, како што е синтезата на невротрансмитери кои испраќаат хемиски пораки до мозокот за да го регулираат спиењето, болката, апетитот, расположението и емоциите.
Според некои експерти, одредена храна може да влијае на проблеми како што се лошо расположение, анксиозност и стрес воопшто. Сите оние намирници кои би можеле да ги вклучиме во медитеранската исхрана се сметаат за одлична храна за луѓето со овие проблеми. Затоа, нашето дневно мени треба да биде исполнето со овошје, зеленчук, цели зрна и мешунки.
Како што некои намирници, односно хранливите состојки во нив, позитивно делуваат на човекот и се ефикасни во борбата против стресот и другите споменати проблеми, постојат и оние намирници чии хранливи материи имаат негативен ефект, односно ја влошуваат состојбата.
Се препорачува внесот на алкохол и храна богата со кофеин, како кафе и чај, кои се популарни кај многумина, да се сведе на минимум. Покрај тоа, не се препорачува ниту храна богата со шеќер.
Во некои студии, забележана е поврзаноста помеѓу анксиозноста и високиот внес на заситени масти, нискиот внес на овошје и лошиот квалитет на исхраната како целина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа