Али Ахмети: Надпартискиот и победнички кандидат за премиер е Насер Зибери

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја започна кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули со промотивна Конвенција во Преспа на која што лидерот Али Ахмети објави дека поранешниот пратеник и потпретседател на Влада и ко-создавач на Охридскиот рамковен договор, Насер Зибери е кандидатот за прв премиер Албанец во Македонија.

„По интензивните консултации со цивилното општество, академската заедница, експерти и создавачи на јавното мислење, но и пријатели, стигнавме до унифицираното и заслужно име за првиот Албанец кој ќе се натпреварува за кршење на последната едноетничка рамка во Северна Македонија, кој ги поседува сите квалитети за да раководи со извршната власт во земјата во насока на потполната рамноправност“, изјави Ахмети.

Зибери во неговиот говор рече дека е дојдено време за потполна рамноправност.

„Ме изненади повикот на Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како натпартиски кандидат. Искрено се иненадив, и нормално се чуствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но исто така е многу голема одговорност. Одлука која воопшто не е лесна, а кратко време за одлучување. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет, и затоа реков ДА“, изјави Насер Зибери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега