Амбер Херд ja продаде куќатa во Калифорнија за милион долари
Поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, која неодамна го изгуби судскиот спор за клевета, ја продаде куќата во Калифорнија за милион долари, пишува „ТМЗ“.
Куќата се наоѓа во гратчето Јука Вaли, карактеристично по пустинскиот пејзаж.
„ТМЗ“ пренесува дека договорот бил склучен на 18 јули, и дека актерката заработила од оваа продажба. Кога ја купила во 2019 година, таа, наводно, платила 570.000 долари.
Откако го загуби спорот во кој Деп ја тужеше за клевета, Херд мора да му плати оштета во висина од 10.4 милиони долари.
Нејзиниот адвокат пред два месеца потврди дека актерката нема толку пари. Неколку недели потоа Херд беше видена како купува во TJ Maxx, продавница позната по евтини цени.
Недолго по пресудата, дури беше покрената и кампања GoFundMe за собирање пари со кои Херд ќе му го исплати на Деп она што му го должи, но таа иницијатива набрзо беше прекината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа