Анализите се готови: Крек и розов кокаин најдени во крвта на Лијам Пејн

 

Денеска беше објавен токсиколошкиот извештај на Лиам Пејн, според кој пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во неговиот систем, вклучително и „розов кокаин“, кога паднал од третиот кат на хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес, Аргентина.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“, дрога која е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

„Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговиот систем кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес. Овие супстанции вклучуваат ‘розов кокаин’ – рекреативна дрога која е мешавина од неколку дроги, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други – како и кокаин, бензодиазепини и крек. Пронајдена е и имровизирана алуминиумска цевка за консумирање дрога во неговата хотелска соба“, се наведува повеќе.

Додека продолжуваат анализите на супстанциите кои беа пронајдени во хотелската соба, резултатите од обдукцијата на неговото тело беа завршени претходно. Имено, Пејн починал на лице место по падот, при што се здобил со фрактура на черепот.

Вработените во хотелот во Буенос Аирес, каде се случи несреќата, се под истрага за наводно снабдување на пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт. Мажите се обвинети дека шверцувале разни наркотици во апартманот на пејачот, во луксузниот кварт Палермо.

Се верува дека камериер и уште еден член на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лиам по неговата смрт. Исто така, се верува дека раководството на „КасаСур“ било свесно за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.

Детективите ги испрашувале и вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот.

„Во хотелот имало двајца мажи кои му доставувале дрога на Лијам“, открил близок пријател на Пејн.

Да потсетиме, полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн е „во целосен хаос“ и дека бројни предмети „биле скршени и расфрлани“. Во соопштението се наведува и дека биле пронајдени и шише виски, запалка и мобилен телефон во внатрешниот двор на хотелот, каде што било пронајдено телото а пејачот.

21.10.2024 - 21:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега