Андоновски: СЕ фалцаат датуми во моето министерство за да поминат партиските вработувања


Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум. Зашто? За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите. Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање на предмети (заведување на предмети со претходен датум) сите документи/записи, писарницата ги испраќа истиот ден кога ќе ги прими потпишани или најдоцна ден по приемот. - алармира денеска дополнителниот Заменик Минситер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски

 

Ги повикувам Управниот инспекторат и другите надлежни институции да влезат во Мнистерството за информатичко општество и администрација и да ги испитаат логовите од ДМС системот кога се изработени документите, кога се заведени и со кој датум се заведени. Гарантирам дека одговорност ќе има – или сега или после изборите! - порачува тој.

 

 

15.02.2024 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега