Анџелина Џоли и Бред Пит повторно на суд

 

 

Најпознатиот поранешен холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит, повторно се на суд. Овојпат, тие имаат несогласувања за имот вреден 164 милиони долари. Се работи за францускиот имот „Шато Маривал“, местото каде се венчаа во 2014 година.

Имено, најпознатата актерка, Џоли, го продала својот дел без да го извести Пит. Ова е обвинението кое Бред го има покренато против Џоли. Тие станаа рамноправни сопственици, откако Бред префрли свои десет проценти кај Анџелина, па тие повеќе не беа во однос 60-40.

Инаку, двајцата се на суд и околу старателството на нивните пет деца. Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, по што двојката доби заедничко старателство.

Анџелина сака да има целосно старателство. Заедно со нивниот син Медокс (19), тие имаат и 5 малолетници: Пакс (17), Захара (16), Шило (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

 

24.09.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега