Ангелов со добра вест: Селото Шивец е одбрането од пожарот, огнот сега е спроти селото но не го загрозува

Селото Шивец е одбрането од пожарот, огнот сега е спроти селото, но не го загрозува, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, попладнево во видеоизјава. 

- Опасноста по селото е намалена, мислам дека веќе има делумна контрола, најверојатно за кратко ќе биде воспоставена целосна контрола, благодарение на храброто локално население кое се искачи горе на ридот со лопати, а повеќето од нив со гранки, успеаја да ги совладаат пламените јазици, изјави Ангелов. 

За жал, рече тој, пожарот продолжува да гори од задната страна. 

-Ова ќе биде пожар што ќе биде многу тешко да се изгасне. Но, најважно од се е дека селото е безбедно и немаме загрозени човечки животи. Опасност за селото веќе нема, подвлече Ангелов.

17.07.2024 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега