Три регистрирани пожари на отворено, еден активен

 

На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Активниот е во „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума.

Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци, каде била опожарена ниска вегетација. Другиот пожар избувнал на депонија во село Банско, општина Струмица.

19.08.2025 - 15:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега