Ангеловски го избра составот за дуелот со Украина
Со една измена во тимот од натпреварот со Австрија и тактички ротации во составот, македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи попладнево од 15 часот со Украина, во вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО 2020.
Од воведниот натпревар против Австрија, во почетниот состав на „црвено – жолтите“ за денешната пресметка го нема напаѓачот Александар Трајковски, а на негово место селекторот Игор Ангеловски се одлучи за играчот за врска Стефан Спировски.
На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се Дарко Велковски, Висар Муслуи и Кире Ристевски.
Средниот ред го сочинуваат Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Бобан Николов и Стефан Спировски, додека Енис Барди е позициониран пред напаѓачкиот двоец Горан Пандев – Елиф Елмас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа