Ангеловски: Среќен сум што го остваривме сонот на сите генерации
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија во заминување, Игор Ангеловски вели дека е среќен што го фудбалерите го остварија сонот на сите генерации. Тој заминува од тренерското место, а како што шпекулираат спортските медиуми, најверојатно на негово место ќе дојде Благоја Милевски.
-Да, дефинитивно заминувам. Јас со задоволство го одработив секој момент како селектор на македонската репрезентација, а причините зошто нема да продолжам се добро познати на јавноста. Пак ќе кажам дека сум среќен што го остваривме сонот на сите генерации, на македонската фудбалска репрезентација и посакувам се најдобро во иднина и дај Боже да се радуваме на уште вакви големи настани, изјави Ангеловски по пристигнувањето во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа