Апасиев побара прошка од Бугарите: Простете, браќа, за флашката

 

На отварање на македонскиот клуб во Благоевград Апасиев им го зема УСБ-то на Бугарите преку кое провоцираа пуштајќи фашистичката музика на бежичен звучник, што било и причина за физичкиот напад врз него од страна на дел од демонстрантите.

Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви.

Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев.Епа, “флашката” со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце. Истата ќе биде прописно форматирана, напиша Апасиев потоа на Фејсбук.

Денешниот празник Прочка очигледно го инспирираше, па побара прошка од браќата за флашката:

Простете, браќа, за флашката – напиша тој на Фејсбук.

 

26.02.2023 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега