Апсења на повеќе локации во Македонија
Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на целата држава.
На 22.02.2025 во 13.00 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле З.С.(28) од Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Денеска (23.02.2025) во 02.30 часот во ноќен клуб на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(40) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.02.2025) во 02.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода И.С.(18) од Струмица затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.02.2025) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 13.40 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Трубарево затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 17.35 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 22.40 часот на патот за с.Ротино, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.А.и Ј.Ш., двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 21.30 часот на регионален пат Тетово – Скопје, пред с.Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода А.А(19) и А.М.(21) од с.Шемшово, А.Ј.(18) од с.Слатино, тетовско и малолетник од с.Палатица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.02.2025 во 02.10 часот на улица „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода П.Н.(24) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа