Арсовски: Филипче и Заев ќе се рекламираат за успешна вакцинација со 300.000 евра народни пари

Владата на СДСМ не прекинува со сомнителни тендери и воопшто не губи време. Иако повеќе Драги Рашковски како искусен тендераш не е генерален секретар во Владата, сепак Генералниот секретаријат работи со полна парена, реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Денес сакам да ја запознаам јавноста со еден тендер кој го објави Владата, а ќе видите зошто велам сомнителен тендер. Владата на СДСМ последниот работен ден од април, пред празниците, на 29 април, објави тендер за маркетинг услуги, внимавајте, маркетинг услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за успешна вакцинација и заштита на населението од ковид-19. Од она што може да се види во тендерската документација која за жал не можев да ја даунлаудирам – може тоа е нова метода на транспарентност на СДСМ. Вредноста на овој тендер е 15.635.580 денари или 255.000 евра без ДДВ. Со ДДВ околу 300.000 евра, 300.000 евра за маркетинг услуги и промоција на неуспешните министер и премиер Венко Филипче и Зоран Заев. Триста илјади евра народни пари, Владата ќе ги даде на некоја нивна блиска маркетинг агенција да им осмисли и реализира кампања за успешна вакцинација и заштита на населението од ковид-19 – рече Арсовски.

Нејасно е, додаде тој, како мислат да се промовираат со 300.000 евра низ медиумите, ако сите знаеме дека токму Владата забрани уште на почетокот на своето доаѓање во 2017 година, платени владини рекламни кампањи во медиумите. Дали планираат да го прекршат законот?

– Немаат вакцини, луѓе умираат секој ден, народ собира пари по социјални мрежи за донации за лекување, донации за витамини, ама затоа Филипче и Заев решиле да прават кампања од 300.000 евра за успешна вакцинација на терет на граѓаните кои што немаат леб да јадат. Стопанството трпи, народот трпи, над 60.000 луѓе останаа без работа, угостителите преживуваат, туристичките работници затвараат фирми, но затоа Филипче и Заев сакаат да се рекламираат со парите на сите овие луѓе кои трпат, само за да си го кренат нарушениот рејтинг. Замислете, тендерот ќе заврши на 31 мај, а за да се реализира сето ова ќе требаат најмалку уште 2 месеци, а Владата од сега проценува дека треба да се прави кампања за успешна вакцинација. Најпрвин да се прави кампања за успешна вакцинација, Владата треба да има набавено вакцини, вакцинацијата да оди без никаков проблем и над 70 отсто од населението да е вакцинирано. Кај нас се уште не се вакцинирани хронично болните и ризичните категории на граѓани, нема вакцини, односно вакцини добиваме само од донации – рече Арсовски.

Очигледно, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, што впрочем и сериозно се сомневаме дека овој тендер за оваа кампања од 300.000 евра е направен со цел да се испумпаат народни пари, да се финансира кампањата за локални избори на СДСМ преку парите на граѓаните и однапред веќе се зборува низ кулоарите кои агенции треба да го добијат.

– Зошто го велам ова, ќе дознаете наредните денови. Апелирам да се вклучат граѓанските организации, да се вклучат институциите, граѓаните кои мака мачат да преживеат и да не се дозволи ваков недомаќинлук и криминален тендер на повидок од Зоран Заев и Венко Филипче – посочи Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2021 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега