Арсовски: Нина Ангеловска и Антикорупциска молчат за станот од над 100.000 евра

Три дена министерката Нина Ангеловска од СДСМ молчи и не даде одговор на јавноста дали изминатава година се стекнала со стан од околу 100 квадрати во висина од над 100.000 евра во непосредна близина на Градскиот парк во Скопје, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ова е премногу сериозна сума на пари во недвижен имот за кој Нина Ангеловска има законска обврска но и морална обврска кон граѓаните и институциите да пријави како го стекнала и кога го стекнала овој стан“, рече тој.

Арсовски прашува зошто Нина Ангеловска го крие станот од над 100.000 евра и зошто воопшто антикорупциската комисија молчи за овој случај и не отвора никаква постапка?

„Во случај кога еден министер крие стан од над 100.000 евра тоа е доволен показател дека или е стекнат под сомнителни околности или пак има некоја друга сомнителна причина поради која што го крие станот од институциите и граѓаните. Антикорупциската комисија како и секогаш е нема и глува за сите сомнителни случаеви поврзани со функционерите на СДСМ“, кажа Арсовски.

Додаде дека очекува реакција во најбрз можен рок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега