Автомобил удри малолетничка на крстосница во Скопје: Со тешки повреди пренесена во болница
Вчера околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ со ул.„Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(25) од Скопје, удрило во малолетничка-пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
11.03.2025 - 12:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа