Балканот во солзи: Ненадејно почина познатата сараевска актерка

 

Актерката Сања Буриќ почина вчера во Сараево на 48 -годишна возраст од последици од мозочен удар, потврдија од сараевската Академија за сценски уметности за klix.ba.

Буриќ е родена на 10 април 1973 година во Сараево. Студирала на Меѓународната театарска школа „Жак Лекок“ во Париз, Курс Флорент во Париз и Академијата за сценски уметности во Сараево. Зад неа е богата театарска кариера. Таа работеше во Сараевскиот народен театар, Камерниот театар 55, на Отворената сцена Обала (АСУ), во Босанскиот народен театар во Зеница, во Театарот за млади во Сараево…

Буриќ била вонреден професор на Академијата за изведувачки уметности.

Во култниот филм на Пјер Залика „Кај чичко Идриз“, таа ја играше Шила. Ќе остане запаметена по улогите што ги играше во бројни телевизиски и филмски продукции: „Црна хроника“, „Грбавица“, „Добро подесени мртовци“, „Виза за иднината“, „На пат“, „Тешко е да се биде убав“, „Лето во златната долина“, „Полна месечина“…

17.09.2021 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега