Барди: Фокусирани сме да направиме нешто на што сите ќе бидат горди

 

Македонија за неколку дена ќе дебитира на Европското првенство (ЕП) во фудбал, а првиот меч го играме против Австрија на 13 јуни, по што следи уште еден дуел во Букурешт против Украина на 17 јуни, а последната средба се игра на 21 јуни против Холандија во Амстердам.

Барди вели дека македонскиот тим ќе го покаже квалитетот и ривалите ќе си имаат мака да излезат на крај со нас.

„Јас сум среќен што сум дел од репрезентацијата, а селекторот ќе реши дали ќе играм. Јас сум здрав и сум на Европско, па треба да одиме натпревар по натпревар и да уживаме во секоја секунда. Треба да бидеме фокусирани за да направиме нешто на што ќе бидат горди сите“, вели Барди.

Барди вели дека кој ѝ да ни биде противник нема да е лесно, но ќе дадат максимум на теренот.

 

„Без разлика кој ќе игра против нас, не Австрија, Италија, дури и Португалија да игра, ќе ни биде тешко, но тоа зависи и од нас“, објаснува Барди.

09.06.2021 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега