Бегал од полицијата, па предизвикал сообраќајка: Тројца повредени
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје околу 10 минути по полноќ, на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.
-Во незгодата А.Т, Д.М. и неговата сопатничка И.Н.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј. продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и причинил материјална штета, информира МВР.
Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа