Белградските студенти в четврток ќе тргнат пеш кон Нови Сад, в сабота ќе блокираат мостови

 


Студентите на Универзитетот во Нови Сад, кои повеќе од два месеаи ги блокираа факултетите, најавија голем протест, поточно блокада на три моста на 1 февруари, а нивните колеги од Белград, Крагуевац и од Ниш ќе им помогнат. Учеството во оваа голема акција го потврдија и белградските академици и најавија дека два дена пред блокадата, на 30 јануари, ќе тргнат на протестна прошетка до Нови Сад.

Студентите на Универзитетот во Нови Сад најавија голем протест во овој град в сабота на 1 февруари и ги поканија своите колеги од Белград, Крагуевац и од Ниш да им се придружат бидејќи ќе блокираат три моста – „Жежељев“, „Варадинскиот мост“ и „Мост слободе“.

Академици од Белград го потврдија учеството во акцијата на жителите на Нови Сад и преку својот официјален инстаграм-профил најавија дека два дена порано, на 30 јануари, ќе тргнат на протестна прошетка до Нови Сад и ќе им се придружат на своите колеги.

„Студентите од Белград, в четврток, на 30 јануари, тргнуваат на голема протестна прошетка до Нови Сад, каде што заедно со своите новосадски колеги ќе учествуваат во акцијата. Барањата не се исполнети. Се гледаме набргу!“, велат белградските студенти.

28.01.2025 - 14:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега