Бесни Британци на принцот Хари му порачаа: „Ај, замолчи“
Светските медиуми, особено британските, пишуваат за британскиот принц Хари, кој започна нова битка против кралското семејство.
Хари напиша мемоари во кои го напаѓа својот брат Вилијам, идниот крал на Британија и не ги поштеди ниту Чарлс Трети, принцезата од Велс, ниту неговата маќеа Камила Паркер-Боулс.
Со цел да ја промовира својата книга, Хари даде три интервјуа во кои откри повеќе детали за своето потесно семејство. Фановите на кралското семејство и голем дел од Британците се прашуваат дали сè е во ред со него, зошто отвори оган кон својот брат Вилијам и како наеднаш исчезнаа најголемите обвинувања што тој и неговата сопруга ги упатија во интервјуто кај Опра Винфри.
Обвиненијата за расизам одеднаш исчезнаа – една од најголемите драми во 2021 година во јавниот простор на Велика Британија и САД се појави откако Меган Маркл ѝ кажа на Опра Винфри дека кралското семејство било загрижено за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи. Хари сега вели дека тие воопшто не го обвиниле кралското семејство за расизам и дека тоа е наратив на британските таблоиди.
Оние кои претпочитаат таблоидни приказни наместо контроверзи за расизам, беа изненадени од тврдењето на Меган Маркл дека таа и Хари всушност се венчале три дена пред кралската венчавка за која британските даночни обврзници платија 32 милиони фунти. Тврдењето набрзо беше отфрлено со нивната венчаница, на која датумот на венчавката се совпадна со кралската венчавка.
Во интервјуто кај Опра Винфри кое оттогаш исчезна од интернет , Хари и Меган се жалеа за расизмот на британските таблоиди и кралското семејство и за недостатокот на поддршка во семејството. Хари во интервјуто тогаш изјави дека има симпатии за својот брат Вилијам, кој не е во позиција да го напушти кралското семејство тукутака. Но, сега Хари тврди дека принцот Вилијам е виновен за нивното заминување. Тој во книгата и интервјуата тврди дека неговиот брат со соработниците во медиумите ширел лажни приказни за Меган Маркл, дека ја нарекол токсична и непристојна, и дека Вилијам физички го нападнал поради Меган.
Од приказната на Хари, расизмот во кралското семејство исчезна, но тој ги обвини својот брат и неговата сопруга Кејт, кои наводно биле љубоморни на популарноста на Меган, за наводната омраза кон неговата сопруга.
Во неколку наврати пред бракот со Меган, Хари секогаш зборуваше за својот брат во суперлативи и имаше блиски односи со својата снаа и внуците. Сега Хари својот брат го нарекува непријател и тврди дека цел живот се натпреваруваат и дека тој бил љубоморен на него.
Според некои британски таблоиди, светската јавност повеќе не го поддржува Хари, барем не до тој степен по интервјуто кај Опра Винфри, кога во медиумите се расправаше за тоа кој е расист меѓу Виндзорите.
„Твитер“ е полн со коментари за неусогласената приказна на принцот Хари, а активен е и хаштагот #shutupharry. Многумина се загрижени за менталното здравје на принцот, кој се чини дека нема намера да ги запре нападите врз семејството.
„Тој веќе не знае што сè излажаа претходно“, „Хари и Меган, запишете ги лагите, се убивте“, „Овие двајца манипулираат со јавноста и лажат“, „Зошто дозволивте за вашето семејство две години да се зборува дека се расисти“, се само дел од коментарите.
Обвинувањата од страна на британската јавност дојдоа на крајот од ексклузивното интервју за „Ај-ти-ви“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа