Ужас во близина на Ласкарци: Непознато лице застанало со автомобил на тројца велосипедисти, па избодел еден од нив
Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Сарај, С.Е.(45) од Тетово, пријавил дека истиот ден околу 12.45 часот додека заедно со двајца свои пријатели возеле велосипеди по стариот пат Тетово – Скопје, во близина на село Ласкарци без повод и причина бил физички нападнат од едно машко лице кое управувало патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички.
Притоа лицето прво го удрил пријавителот со тупаница во пределот на главата, а потоа го нападнал и со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
04.05.2025 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа