Без вода дел од корисниците на булевар „Партизански одреди“
Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф 200мм. на булеварот „Партизански Одреди“, пред влезот на Соборниот храм, со прекинато водоснабдување вечерва ќе бидат дел од корисниците на овој булевар, од булеварот „Свети Климент Охридски“ до булеварот „ВМРО“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“, Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 19 часот до завршување на дефектот.
03.01.2023 - 18:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа