Била во кома цели 78 дена а кога се разбудила ја дознала вистината- нејзината мајка и сопруг започнале емотивна врска

 

Жена од Бразил пред три години имала операција по мозочен удар поради која паднала во кома и поминала 78 дена, а откако се разбудила освен лошите вести за нејзиното здравје ја дочекала уште една непријата вест.

Камила Ванеса Кордеиро де Мело, на 25-годишна возраст, го запозна човекот од нејзините соништа. Тој бил десет години постар од неа, но тие се вљубиле без оглед на разликата во возраста. Својата љубов ја крунисале со брак во 2013 година, а една година подоцна добиле и син, пишува „Сан“.

Сепак, нејзината бајка заврши во 2017 година, кога по мозочен удар морала да се подложи на операција. Таа поминала 78 дена во кома, а кога се разбудила дознла дека нејзината мајка и нејзиниот сопруг започнале емотивна врска, а подоцна се венчале.

- Мајка ми одеше во мојата куќа да им помогне на сопругот и синот додека бев во болница. За четири месеци додека се борев за својот живот, мојот сопруг ме посети двапати, а мајка ми никогаш. Веста ми ја соопшти татко ми кога се разбудив и оттогаш не можам повеќе да ја нарекувам мајка ми „мајка“ - рече Камила.

Го доживеала најголемото предавство, разочарување и болка во својот живот, за која вели дека ја прободува во срцето. Не можела да поверува дека двајцата се венчаа и јавно ја прославија својата љубов.

Синот на Камила се гледа со својот татко неколку пати неделно, а таа смета дека не е здраво 6-годишно дете да биде изложено на таква токсична ситуација.

 
 
 
View this post on Instagram

Hoje, ela é muito mais ela e NADA do que pensam dela...

A post shared by Kamylla Melo (@kamyllaa.melo) on Aug 6, 2019 at 1:25pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега