Битолчанец фатен при обид за кражба во Крива Паланка


Вчера во 08.40 часот, полициски службеници од Крива Паланка го лишиле од слобода Л.М. (19) од Битола.

Тој бил затекнат на улицата „Коце Металец“ во Крива Паланка при обид да одземе предмети од приватен имот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

19.04.2024 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега