Бојмацалиев на терен на ГП Делчево: Со специјални возила со термални камери и уреди ја гарантираме граничната безбедност

 


Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски беше на терен на македонско-бугарската граница, при што оствари работна средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи ИСТОК и Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Делчево” на која беше брифиран за активностите на Регионалниот Центар за Гранични работи  -  „Исток“ за Првото тримесечје од 2024 година.

„Бев информиран дека имаме зголемување на протокот на патници за 11%. Притоа, имаме и намалување на криминалитетот на државна  граница за 25%, намалување на бројот на откриените фалсификувани Патни исправи и други документи за 15,38%, што се должи на опремата за детектирање на лажни или фалсификувани исправи. Понатаму, имаме намалување на илегалните минувања на Државна граница (лица) за 24,32 %. Исто така, имаме зголемување на бројот на настани по оперативна активност Гора за 100 %, и зголемување на количината на запленети дрва за 41,4%”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите.

Бојмацалиев рече дека државната граница е безбедна и со дигитална опремав која вклучува специјални возила за надзор, како и уреди и камери за дневно и ноќно снимање, при што безбедноста е гарантирана.

„Користиме Систем MSS ( Mobile Surveillance System ) донација од ЕУ, Мобилен систем за надзор 300.000 евра едно возило, 3.000.000 евра 10 возила со термални камери долг домет од 10км. Вакави возила имаме две во Богородица и по едно во Меџитлија, Дојран, Ново Село, РЦ ИСТОК во Делчево, РЦ ЗАПАД во Охрид, Стење, Блато, Сопот”, појасни Бојмацалиев, појаснувајќи дека возилата имаат термални камери и се следи секое движење, при што се праќа сигнал и се алармираат службите.

„Воедно, сите станици имаат извидувачки камери што регистрираат движење и праќаат слика, по 4 по секоја станица со набавени СИМ картици за пренос на сликата од камерата до дежурниот и други адреси на кои е сетирана камерата
На Богородица имаме и стационарен центар за надзор на Вршник Бара опремен со радар, термална и дневна камера со долг домет од 10 км”, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев додаде и дека се очекува и пристигнување на 8 дрона за надзор со што сериозно ќе се унапреди граничната безбедност.

01.04.2024 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега