Болеста на славната Бренда од „Беверли Хилс“ е во терминална фаза: „Нејзиното заминување е многу близу“

 

50-годишната актерка Шенон Доерти поминува низ тежок здравствен период - минатата година таа открила дека повторно има рак, но дека овојпат повеќе нема лек бидејќи тој е во последна фаза.

Неодамна Доерти објави фотографија на Инстаграм со реченица која ги вознемири нејзините следбеници.

„Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете што не можете да кажете ништо?“, напишала актерката која, според наводите од блиски извори, секој ден се чувствува сè полошо.

Шенон која обично споделува инспиративни цитати и фрази кои повикуваат на размислување за животот, го привлече вниманието со оваа содржина која натера многу нејзини обожаватели да помислат дека нејзиното здравје е драстично влошено. Лошите вести ги потврдил и извор близок до актерката кој навел дека таа „е спремна за заминување“ и дека не се плаши од смртта.

„Човек се уморува од борба со ветерници. Така и таа се измори од борбата со ракот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е многу близу бидејќи наодите се прилично лоши и нималку ветувачки“, рекол изворот.

За потсетување, популарната Бренда од серијата „Беверли Хилс“ во 2015 година успеа да го победи ракот на дојка, по направената мастектомија и хемотерапија. Сепак, во февруари 2020 година, во „Good Morning America“ откри дека болеста ѝ е повторно дијагностицирана.

„Ужасната сум. Најмногу страдам поради сопругот и мојата мајка на кои ова многу тешко им паѓа. Повторно имам рак, четврт стадиум. Тој метастазирал во моето тело и знам што значи тоа. Се прашував многупати: „Зошто јас?“, а потоа си велев: „А зошто не јас?“. Тешко ми е“, откри тогаш Доерти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

04.09.2021 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега