Боливудската актерка не е мртва: Ја лажирала сопствената смрт
Боливудската актерка Пунам Пандеј ја лажирала својата смрт.
Оваа вест ја шокираше јавноста, а причина беше желбата на Пунам да ја подигне свеста за ракот на грлото на матката и редовните прегледи
Актерката се огласи на Инстаграм за да потврди дека веста за нејзината смрт како последица од карцином на матка е лажна.
„Да ја трансформираме оваа свест во акција за поздраво утре“, рече таа во видеото што го сподели
За потсетување, Пандеј е индиска манекенка и актерка во филмови за возрасни. Таа дебитираше во Боливуд со филмот „Наша“ во 2013 година.
View this post on Instagram
03.02.2024 - 14:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа